за проектот

EU.EM.NET претставува заедничко место за клучните чинители во стручното образование и обука да соработуваат на европското ниво за да се решат препознатите проблеми во туристичко - угостителскиот сектор поврзани со прогнозирање и подобрување на квалитетот на  работната сила. Претставува мост за одржлива соработка помеѓу работодавачите (претставени од организациите на работодавачите), образованите институции (претставени од институциите за стручно образование и обука), политичките претставници и други поврзани чинители.

Проектот има за цел
да се создаде европски систематски пристап за ангажирање на работодавачите во предвидување на потребни вештини и поддршка во обезбедување на квалитет во стручното образование и обука  преку здружување на клучните чинители во една мрежа - EU.EM.NET. Овој проект ја вклучува потребата за ефективно и ефикасно ангажирање на работодавачите во процесот на забележувањето на потреба од нови вештини за поддршка на конкурентноста и идниот развој на туризмот. Влијанието на проектот има двојна перспектива. Прво, на идентификуваните целни групи (здруженијата на работодавачи и малите и средни претпријатија, синдикатите, креатори на политики, центрите за вработување, средните стручни училишта и неформалните даватели на стручни обуки) сите се застапени и вклучени во спроведувањето на проектот. Второ, влијание врз системот на прогнозирање на вештини на ниво на ЕУ во туристичко-угостителската индустрија. Мрежата е отворена за нови учесници со цел да се прошири нејзината перспектива преку учетсвото и на други важни чинители.

EU.EM.NET е насочен кон следните цели: 
• Да се подигне свесноста за потреба од вклучување на работодавачите во процес на разговор за тоа кои се неопходни работни вештини;
• Подготовка на методологија и индикатори за квалитет за вклучување на работодавачите според EQARFVET
• Тестирање и  вреднување на на методологијата во рамки на партнерите на мрежата 
• Создавање на “road map” со цел да се одговори на идентификуваните барања на вештини 
• Воспоставување на европска мрежа EU.EM.NET и подготовка на  мерки за одржливост.  

Целите се поставени така да одговорат на посебните потреби и проблеми со кои се соочува секторот при доделувањето на соодветната улога  и задачи на работодавачите во  процесот на антиципарање на работните вештини.